По крајот на велигденските празници се враќа на сцена домашниот суперлигашки ракомет. Во плеј-аут сегментот вториот сениорски колектив екипата на РК Вардар Јуниор утре на 19-ти април ќе одигра нов меч во борбата за опстанок во елитата.
Ние во Спортско рекреативниот центар “Кале“ сме домаќини на екипата на РК Пролет. Натпреварот со скопскиот ривал ќе се игра со почеток во 16-00 часот. Избраниците на Стојан Петрушевски младите вардарци се одлични досега во плеј-аут делот, тие минатото коло ја забележаа и втората победа. Нашите момци триумфираа над Радовиш, 29-23, екипа која влезе како фавориот во дуелот и имаше најмногу бодови на плеј-аут табелата на почетокот од овој сегмент. Со оваа втора победа ја потиснуваме екипата на РК Металург-2 , која ја победивме претходно кон предпоследната позиција која води во баражот за опстанок.
Покрај ова момците на Петрушевски ги чека предизвик и во Купот на Република Македонија оваа пролет. Тие се во Групата-3 со екипите на Пелистер, Еурофарм Работник и Младост Богданци. Прв предизвик во најмасовното натпреварување за нив е полуфиналето со Пелистер ако го минат играат со победникот од другиот пар. При евентуално прво место во Групата-3 играат на завршниот Ф-4 турнир во Купот.