Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Мавсар: Има голем мотив кај Вардар да ја освои титулата во ЛШ

Мавсар: Има голем мотив кај Вардар да ја освои титулата во ЛШ

На завршниот турнир во Будимпешта ќе гледаме реприза на полуфиналето од минатата сезона, кога се сретнаа екипите на Вардар и ЦСМ Букурешт. Токму овие два тима повторно ќе ги одмерат силите и на Ф4 оваа сезона. Така сакаше ждрепката да гледаме реприза, додека во другиот дуел ќе се сретнат екипите на Ѓер и Будуќност. При извлекување на полуфиналните двојки, претставничка од Вардар, беше Тамара Мавсар, која даде свое видување за противникот.

оопшто не е проблем мотивацијата кај моите соиграчи. Потребно е добро да се подготвиме за овој натпревар и да го изнализираме противникот. Го знаеме ЦСМ Букурешт, мора само да внимаваме бидејќи се работи за многу силна екипа. Ова е четврта последователна сезона на завршните турнири за Вардар и  имаме голем мотив да ја освоиме титулата. Најважно е само да работиме и да го потврдиме квалитетот кој го поседуваме, рече Тамара Мавсар.

Се надеваме дека ќе се случи обратното од минатата година и дека сега како победник ќе излезе тимот на Вардар.