Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Одредена судиската двојка за мечот во Германија

Одредена судиската двојка за мечот во Германија

Европската ракометна федерација ги одреди судиите кои ќе ја делат правдата на првите мечеви од 1/4 финалето во ракометната Лига на шампиони. На натпреварот во Германија на кој се среќаваат Флензбург и Вардар, судиите ќе доаѓаат од Словенија.

Станува збор за Ненад Крстиќ и Петер Љубиќ. Оваа судиска двојка е добро позната на нашата јавност, на многу наврати овие судии им имаат судено на нашите екипи. Се надеваме на добро завршена работа на оваа двојка.

Натпреварот во Германија ќе биде одигран в сабота со почеток во 17 часот и 30 минути.