Екипата на РК Вардар замина за Германија, каде во сабота го игра првиот четвртфинален меч во ЛШ против екипата на Фленсбург. Вардарци се можеби пред најголемиот предизвик оваа сезона, тоа се токму двата натпревари против силниот бундеслигаш. Претходните три сезони за “влакно“ ни бегаше завршниот турнир, кога со минимална разлика ги губевме двомечевите со противниците.
Сега се надеваме на поинаква ситуација за нашиот шампион, кој има уште поголем мотив за победа над Фленсбург, кој пред три сезони не елиминираше за еден погодок. Црвено-црните се подготвени за оваа битка која ќе трае 120 минути, а првата ќе започне во сабота на противничкиот терен, со почеток од 17:30 часот. Реваншот се игра следниот четврток во Јане Сандански.