Вардарци вечерва во “ФЛЕНС“ Арената го одржаа последниот тренинг пред утрешниот прв четврфинален меч против екипата на Фленсбург. Позитивна атмосфера владее кај нашите играчи, кои со нетрпение го очекуваат утрешниот дуел. Подготвени се за предизвикот кој им следува и свесни се за тежината на овие два натпревари со Фленсбург.
Вардар за прв пат ќе се обиде да стигне до завршниот турнир во Келн, а тоа да се оствари треба да се помине и последната пречка во името на Фленсбург. Поголем мотив за црвено-црните е елиминацијата пред три сезони, токму од овој противник, во истата елиминациска рунда.