Ракометниот клуб Вардар поточно пионерите и кадетите викендов од 21 до 23 април настапаат на 4-от меѓународен ракометен турнир “Ракометот во срце” Завидовиќ, Жепче и Маглај 2017. На овој силен турнир во трите града во Босна и Херцеговина ќе настапат над 800 млади ракометни надежи од 20 клуба. Учесниците доаѓаат од шест држави.
Вардарци стартува со мечеви вчера, петок, 21 април. Натпреварите од нашата група се играа во Маглај, односно во истоимената спортска сала. Кадетите обезбедија место во полуфиналето тие ќе се борат за медал. Утре играат во 10 часот во полуфиналето со Извиѓач. Пионерите ќе играат за пласман од петто до седмо место на турнирот. Тие завршија втори, ама за жал не беа “најдобра втора“ екипа на турнирот која обезбедува место во 1/2-финалето.
Кадетите на Вардар предводени од Слободан Чивлачки и Кристијан Грчевски играа во С-групата со екипите на Јерузалем Ормож, Урбанскејп Лока и Маглај. Тие дојдоа до две победи и еден меч одиграа реми, погледнете ги резултатите во продолжение:
- Маглај-Вардар 26-21
- Вардар- Јерузалем 26-16
- Урбанскејп Лока-Вардар 21-21
Пионерите на РК Вардар предвосени од Андријана Будимир беа дел од С-Групата, тие се во иста група се сретнаа со екипите на Метковиќ, Јерузалем Ормож, Урбанскејп Лока и Маглај. Младите момци победија двапати, еднаш изиграа реми и еднаш беа несреќно поразени со минимилен еден гол разлика, тие ги постигнаа следните резултати:
- Маглај-Вардар 16-17
- Вардар- Метковиќ 22-13
- Вардар- Урбанскејп Лока 18-18
- Јерузалем-Вардар 11-15