На теренот на Алумина свој натпревар одиграа и младинците на Вардар, денеска играчите на Калц му се спротиставија на градскиот ривал, тимот на Работнички. Овој тежок натпревар тимот на Вардар го доби со резултат 0:3 (0:2).
Првите 15. минути од мечот поминаа со почетно испитување на силите на двата тима. По 20. минута почнаа да се редат шансите на овој натпревар. Некаде околу 26. минута Вардар го откри резултатот со голот на Ердон Даци. Овој играч биеше прецизно со глава за предност на “црвено – црните”. Потоа Вардар тргна и во потрага по втор погодок на овој дуел. Некаде околу 36. минута Вардар поведе и со 0:2 со гол на истиот играч Даци. По една огромна грешка на еден одбрамбен играч на домаќините, Даци казни со прецизен удар по земја за 0:2. Во првиот дел вреди да се напомене и една 100% шанса која ја имаше тимот на Работнички. Играчот со број 7. Дамјан Велигденов, одлично го проигра својот напаѓач, кој биеше само над голот на Трајчевски. Со резултат 0:2 заврши првиот дел.
Во второто полувреме шанси имаше помалку за разлика од првиот дел. Вардар својата шанса за трет погодок ја гледаше преку центаршутеви, додека пак тимот на Работнички својата шанса ја чекаше од контранапади. Некаде околу 65. по еден одличен центаршут на Стојчевски, Ричков ја “закова” топката во мрежата на противникот за веќе 0:3. До крајот на мечот еден играч од тимот на Работнички доби црвен картон по една мешаница со Виктор Димков, кој од таа ситуација пројде со жолт картон. Со резултат 0:3 заврши овој меч.
Со оваа победа Вардар ја продолжува битката за титулата со екипата на Шкендија.
РАБОТНИЧКИ: Хоџин, Буши, Гичевски, Далчески, Велигденов, Петровски, Ангеловски, Ацковски, Фазлију, Ефтимов, Ристовски.
Уште играа: Јовановски, Грозданоски, Стојановски, Франц.
ВАРДАР: Трајчевски, Т.Тодороски, Ричков, Исмаил, Личина, Димков, Додевски, Димитровски, Најдоски, Стојчевски, Даци.
Уште играа: Хамзиќ, Б. Тодоровски, Кливановски.