Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > “Разлутените“ Вардарци од генер. “2006“ се враќаа од негатива и ја победија Форца, триумф и за Вардар (2) против Њу Старс

“Разлутените“ Вардарци од генер. “2006“ се враќаа од негатива и ја победија Форца, триумф и за Вардар (2) против Њу Старс

Вардаровата генерација родени “2006“ денес го одиграа последното коло од регуларниот дел во детската лига. Тие одиграа два натпревари на кои забележаа две победи.

Најпрво натпревар одигра Вардар (2), кој за противник го имаше тимот на Њу Старс. Одличен меч одигра вториот состав на Филип Арсовски, кој доминираше во текот на целиот дуел. На овој меч славевме со конечен резултат од 3:0. По првото полувреме имавме исто така водство од 2:0. Водство на Вардар за отварање на резултатот му донесе Михаил Танчев и тоа со удар од белата точка, откако противникот направи три корни.До крајот на првиот дел постигнавме уште еден гол, кој беше дело на Аце Миевски. Продолживме со добрата игра и во вториот дел, каде не му дозволивме на противникот да стигне до посериозна шанса. Ние постигнавме уште еден гол и тоа преку голманот Андреј Данстак, кој доби шанса од тренерот Арсовски да ги покаже своите способности и како напаѓач. Токму Данстак направи еден соло продор од десната страна се ослободи од противничките играчи и на крајот го совлада голманот на Њу Старс. Со тоа го постави конечниот резултат од 3:0 на овој натпревар.

Многу поинтересен натпревар, што беше и дерби кај оваа генерација, одиграа екипите на Вардар (1) и Форца. Црвено-црните одиграа послабо прво, но во второто полувреме ја покажаа својата сила и квалитет кој го поседуваат. Првите два удари беа за Форца, во едниот случај топката заврши покрај нашиот гол, за во другата прилика да одбрани нашиот голман. Имавме можност први да го отвориме резултатот и тоа со удар од белата точка, откако противникот направи три корни. Сепак ударот на Дарко Сековски, го брани голманот на Форца и резултатот остана оној почетниот 0:0. Се обиде и Марко Николовски, но повторно противничкиот голман успешно брани. Голеша прилика имаше и Форца да поведе, еден од нивните играчи повлече од десната страна, остро ја нафрли топката во нашиот шеснаесетник, но за чудо е што успеа да промаши неговиот соиграч од Форца, кој од непосредна близина бие покрај голот на Данстак. Последниот обид во првиот дел го имаше Коловски, кој биеше покрај голот. На полувреме се замина со резултат 0:0.

1

Форца брзо го отвори резултатот во второто полувреме и поведе со удар од белата точка, бидејќи Вардар направи три корни. Совладан е нашиот голман, за водство на Форца од 0:1. Оваа негатива како да ги разлути Вардарци, кои до крајот на мечот му одржаа фудбалска лекција на Форца. Како препородени избраниците на Филип Арсовски тргнаа со сите сили кон голот на Форца, како да играа финале нашите млади надежи. Колоевски имаше голема шанса брзо да израмни, но шутира само над голот. Прекрасен погодок следиме на Аце Миевски, кој со глава од нафрлена топка од корнер го пронаоѓа патот кон мрежата на Форца, за голема радост и израмнување на 1:1. Допрва како да започна натпреварот за Вардар, кои за пет минути го “матираа“ противникот. Сите работи во свои раце ги превзема капитенот на оваа екипа, Дарко Сековски кој е моторот на оваа екипа и играчот од кој започнува секоја посериозна акција на овој состав. Се почна токму од Сековски, кој повлече напред подаде до Николовски, кој со брз продор се ослободува од еден од играчите на Форца, несебично додава до Стефан Коловски, а овој од само еден метар ја вметнува топката во голот за 2:1.

2

Ова не ги задоволи Вардарци, кои тргнаа уште пофуриозно кон голот на Форца. Речиси идентична акција и копија на вториот гол. Повторно зема топка Сековски и повторно асистира до Николовски, кој ја искористува својата брзина и повторно го пронаоѓа Коловски, кој погодува за предност од 3:1. Вистинска викторија се играше пред голот на противникот. За да биде поубедлива победата се погрижи и Олег Михајловски, кој со својот прв гол денес го затвора мечот и ги поставува конечните 4:1. Иако игравме без најдобриот стрелец, Голубов и без Патаровски кој е важен играч во овој состав, сепак покажавме карактер во моментите кога имавме негатива.

3 5

Така Вардар (1) со максимален број на освоени бодови го заврши регуларниот дел од сезоната во детската лига, по што сега ги очекуваат елиминациските мечеви, каде исто така се пласираше и Вардар (2) од истава возрасна генерација.