Чудотоворецот, Арпад Штербик беше еден од најзаслужните што Вардар победи на првиот четвртфинален меч против екипата на Фленсбург. Тој натпреварот го заврши со неверојатни 17 успешни одбрани, од кои голем бел деа зицери на противникот. Токму една од неговите интервенции се најде во ТОП-5 најдобри одбрани на првите четвртфинални мечеви од лигата на шампионите.
Видеото со најдобрите пет одбрани, можете да ги погледнете ТУКА.
Одбраните му донесоа и место во најдобрите седум ракометари, како најдобар голман, на првите четвртфинални мечеви од најголемото ракометно натпреварување. Видеото од идеалниот тим можете да го погледнете ТУКА.
Најдобриот тим го сочинуваат:
Лево крило – Уве Генсхајмер ( ПСЖ)
Лев бек- Никола Карабатиќ (ПСЖ)
Среден бек-Арон Палмарсон (Веспрем)
Десен бек – Марко Вујин (Кил)
Десно крило- Никлас Екберг (Кил)
Пикер – Лудовиќ Фабрегас (Монпелје)
Голман – Арпад Штербик ( Вардар)