Екипата на РК Вардар го освои третиот трофеј во СЕХА-лигата, откако на завршниот турнир кој се играше во градот Брест го освои првото место. Во големото финале се сретнавме со екипата на Веспрем, која ја совладавме со резултат 26:21. Претходно во полуфиналето бевме подобри од тимот на ППД Загреб.
На овој завршен турнир нашите двајца голмани Арпад Штербик и Страхиња Милиќ се најдоа во изборот за најдобри одбрани. Страхиња Милиќ со две одбрани во полуфиналето против Загреб и тоа против својот поранешен соиграч, Добривоје Марковиќ. Арпад Штербик беше главна алка во победата против Веспрем, каде исто така две негови интервенции се најдоа во изборот за најдобри на Ф4 во СЕХА-лигата за оваа натпреварувачка сезона. Погледнето го видеото со најдобрите одбрани.