Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Аџиќ: Денешното финале со Вардар е одлична подготовка на двата тима за Ф-4 во ЛШ

Аџиќ: Денешното финале со Вардар е одлична подготовка на двата тима за Ф-4 во ЛШ

Вардар и Спортскиот центар “Јане Сандански“ cе домаќини на завршниот турнир во женската ракометна регионална лига (ВРХЛ). Денес   на програмата е   финалето, во него  ќе играат екипите на Вардар и црногорскиот тим Будуќност. Нашиот ривал обезбеди место во финалето одкако го победи словенечки Крим, апак нашите девојки триумфираа со Подравка во 1/2-финалето. За вечерашниот натпревар  стратегот на Будуќност долгогодишниот кормилар на екипата  Драган Аџиќ  изјави:

Мило  ми е што овој формат на Регионалната лига функционира добро. Одличен е,  вака би можело да се продолжи со четири екипи,  на сите ни значеа овие натпревари. Драго ми е што и ние и Крим останавме здрави по меѓусебниот натпревар, затоа што ние се подготвуваме за ЛШ, а Крим тукушто заврши со обврските во домашното првенство и во Купот. Се  заблагодарувам за одличното гостопримоство во Скопје и мислам дека во финалето не чека добар натпревар. Желба ми е сите да останеме здрави пак и ние и Вардар добро да се воиграме пред Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.