Претстојниве три дена неколку младински екипи на ракометниот клуб ќе имаат свои првенствени натпревари.
После подолга пауза мечеви ќе имаат младинките на Вардар СЦЈС, кои за само три дена ќе одиграат два натпревари. Денес избраничките на Анжела Платон гостуваат во Делчево на истоимената екипа, дуел кој започнува од 19 часот. Во недела играме уште еден натпревар против екипата на Кузман. Овој меч ќе се одигра во спортската сала во населбата Илинден, со почеток од 12 часот.
Денес свој натпревар ќе имаат и младинците на РК Вардар, кои со почеток од 19:30 часот на Кале ја пречекуваат екипата на Металург 2. Црвено-црните во последните две кола од регуларниот дел ќе играат за престиж, со оглед дека ги загубивме шансите за пласман на завршниот турнир, со напомена дека се натпреваруваме во повозрасна генерација. Последното коло ќе го одиграат и младинците на Вардар Јуниор, кои на домашен терен ја пречекуваат екипата на Пролет 62. Натпреварот се игра во недела од 14:30 часот.
Пионерките на Вардар се во потрага по осмата последователна победа. Избраничките на Ристова и Пецевска во сабота во малата сла на С.Ц. Јане Сандански ќе ја пречекаат екипата на Макалоски. Овој дуел започнува од 13 часот. Последното првенствено коло од регуларниот дел го играат и пионерите, кои во истава сала но во недела од 12 часот ќе бидат домаќини на екипата на Гостивар. Со евентуална победа, момците на Андријана Будимир ќе обезбедат учество на завршниот турнир на најдобрите четири екипи.