Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Виктор Стојковски: Ќе дадеме максиум од себе, за да забележиме победа на овој дуел
Виктор Стојковски: Ќе дадеме максиум од себе, за да забележиме победа на овој дуел

Виктор Стојковски: Ќе дадеме максиум од себе, за да забележиме победа на овој дуел

Во сабота ќе се одигра 15 коло во првенството на младинските категории. Противник на сите Вардарови генерации е екипата на Металург, а дербито дефинитивно ќе биде помеѓу кадетските екипи на двата тима. Натпреварот ќе се одигра со почеток 10 часот на теренот во Н.Илинден.

Свое видување и за шансите кој ќе излезе како победник, за нашиот сајт ни даде капитенот на кадетите на Фк Металург и стандарден репрезентативец на Македонската репрезентација до 18 годинини-Виктор Стојковски.

-Овој натпревар ни пресудува во трката за првото место во лигата. Иако ни бегаат шест бода, ќе бидеме борбени до крај на првенството. Ќе го дадеме максиумот и се од себе, да забележиме победа на овој дуел. Оваа екипа на Вардар ја познавам многу добро и можам да кажам дена ништо не се посилни од нас. Тоа се виде на натпреварот во полуфиналето на купот, во кој ние бевме поборбени, мотивирани и оставивме срце на терен. Сепак немавме среќа на тој куп дуел, иако победивме со резултат 3:2 не успеавме да се пласираме во финалето на националниот куп, поради двата примени голови на домашен терен.

Во есенскиот дел Вардар и Металург имаа исти број на бодови. Нивниот прв дуел одигран на теренот на Локомотива, заврши без победник со резултат 1:1. Во пролетниот дел тимот од Железара имаше лош старт каде забележа два порази. Тоа го искористија црвено-црните за значително да се одлепат на врвот на табелата.

-Главна причина за нашиот слаб старт во вториот дел од сезоната се лошите услови на теренот каде трениравме. Сепак тоа не е алиби за тие неочекувани порази. Имаме одличен тренер во името на Драган(Гаге) Стефановски, кој го вади максиумот од нас и се труди покрај сите услови нормално да тренираме и да постигнеме нешто до крајот на сезоната, изјави Виктор Стојковски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски