Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Нема одмор за црвено-црните, следно на “менито“ е екипата на Тинекс Пролет

Нема одмор за црвено-црните, следно на “менито“ е екипата на Тинекс Пролет

Вардарци продолжуваат со вистински маратон на одигрување натпревари и силно темпо кое ќе продолжи и во наредниве денови. После двата одиграни дуели против екипите на Борец и Охрид и пласманот во завршницата на купот на Македонија, избраниците на Гонзалес вчера го одиграа вториот натпревар во Супер-лигата. Противник беше екипата на Зомимак, каде забележавме висока победа со резултат 38:27.

vardarfans rk

Нема многу одмор за тимот, кој после гостувањето и враќањето од Струмица, денес ќе продолжи со настапите во првенството. Пред домашната публика, денес со почеток од 18:00 ќе одиграат дуел со Тинекс Пролет. Мечот ќе се одигра во малата сала во С.Ц. Јане Сандански. Ова треба да биде само полесен тренинг и како увертира за дерби дуелот со екипата на Металург. Овој натпревар е закажан за сабота, со почеток од 17 часот.