Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ПОНУДА!!! БОДРЕТЕ ГИ ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ ДЕВОЈКИ ВО БУДИМПЕШТА
ПОНУДА!!! БОДРЕТЕ ГИ ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ ДЕВОЈКИ ВО БУДИМПЕШТА

ПОНУДА!!! БОДРЕТЕ ГИ ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ ДЕВОЈКИ ВО БУДИМПЕШТА

Црвено-црните девојки се вторпат на Ф-4 завршниот турнир и во втор обид да дојдат до врвот на “Стариот Континент“ по тој повод како што известуваат на клубскиот сајт има понуда за Македонската публика да може по поволни цени да ги следи мечевите , во информацијата за овоаа понуда и можностите за избор за  истата се вели :

И покрај претходно најавените и објавени високи цени на билети што ЕХФ и организаторот ги потврдија за следење на натпреварите на Ф4, управата на Вардар успеа да обезбеди одреден број на билети по доста намалени цени за своите навивачи, со цел да може да имаат што поголема подршка.Заедно со ТА Пилот травел, управата на Вардар обезбеди билети, превоз и сместување за оние што сакаат да бидат во Будимпешта да ги следат ракометарките.

Постојат повеќе видови на пакети, според потребите на секој што сака да биде во салата „Ласло Пап” во Будимпешта.Натпреварите на Ф4 се играат на 9 и 10 мај. Полуфиналните мечеви се на 9 мај, а финалето и мечот за трето место на 10 маj.

Пакет 1:
Само билети
- цена 40 евра (за двата дена), во сектор 201 и 211
- цена 60 евра (за двата дена) – сектор 109, 110
Резервираните места можете да ги видите на мапата на салата, и се заокружени.

* Бројот на места е ограничен и се однесува на вкупниот борј на билети за сите пакети, вкупно 788 места
- цена од 40 евра (331 место во сектор 210 и 211)
- цена од 60 евра (457 места во сектор 109 и 110)

Пакет 2:
Билет и автобуски превоз
- билет од 40 евра (превоз 45 евра) – вкупно 85 евра
- билет од 60 евра (превоз 45 евра) – вкупно 105 евра

Пакет 3:
Билет, превоз и 2 ноќевања во хотел Арена (4 ѕвездички) на 3 минути од салата
- 139 евра (билет од 40 евра)
- 159 евра (билет од 60 евра)

* Цената е по лице во двокреветна соба на база на ноќевање со појадок. Бројот на соби е ограничен.
* Ноќевањата се за петок и сабота. За Скопје се заминува во недела после натпреварите

Пакет 4:
Билет и 2 ноќевања во хотел Арена (4 ѕвездички) на 3 минути од салата
- 94 евра (билет од 40 евра)
- 114 евра (билет од 60 евра)
Цената е по лице во двокреветна соба на база на 2 ноќевања до појадок. Бројот на соби е ограничен.
* Ноќевањата се за петок и сабота. За Скопје се заминува во недела после натпреварите