Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Никола Кизиќ: Како одминува сезоната, се повеќе созреваме како екипа и играме подобро на секоја нареден натпревар
Никола Кизиќ: Како одминува сезоната, се повеќе созреваме како екипа и играме подобро на секоја нареден натпревар

Никола Кизиќ: Како одминува сезоната, се повеќе созреваме како екипа и играме подобро на секоја нареден натпревар

Екипата на РК Вардар Јуниор уште еднаш оваа сезона го победи Металург и следната сезона ќе остане да се натпреварува во најсилната супер лига. Тимот од Автокоманда имаше предност во најголем дел од мечот и контрола на резултатот, но во последните пет минути од првиот дел, црвено-црните го свртија резултатот и на одмор заминаа со предност. Сите дилеми околу победникот станаа појасни, кога Вардар поведе со највисоки седум голови предност, по што Металург немаше сили да внесе резултатска неизвеснот. Резултатот по истекот на 60-те минути гласеше 20:24. Најзаслужен за триумфот и тоа на теренот на противникот, беше нашиот голман, Никола Кизиќ кој мечот го заврши со 17 успешни интервении.

-Мечот го отворивме во грч со многу технички грешки и со тоа му дадовме на противникот шанса за резултатска неизвесност. Пред крајот на првото полувреме ги консолидиравме редовите и заминавме со минимално водтство. Во вториот дел започнавме со цврста одбрана, каде го принудивме противникот на технички грешки и постигнавме неколку лесни погодоци, дојдовме на нај високи плус седум гола и влеговме во мирна завршница.

Младиост состав на Стојан Петрушевски како одминува сезоната игра се подобро и до крајот се очекува да одат и уште некое место погоре на табелата.

-До крајот на сезоната остануваат уште четири кола, ќе дадеме се од себе на секој нареден меч и се надеваме на максимален број победи. Сезоната ја отворивме лошо, но како истата одминуваше покажавме дека како екипа почнуваме да созреваме и од меч во меч играме се подобро и подобро. Оваа сезона во најсилната супер лига беше едно големо искуство за нас се надевам дека во наредната ќе влеземе позрели и ќе направиме поголем успех.

Звонко Ивановски