Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите примија гол во 94 минута и не успеаа да се пласираат во финалето на купот, таму ќе игра екипата на А.Пандев
Кадетите примија гол во 94 минута и не успеаа да се пласираат во финалето на купот, таму ќе игра екипата на А.Пандев

Кадетите примија гол во 94 минута и не успеаа да се пласираат во финалето на купот, таму ќе игра екипата на А.Пандев

Денес во Струмица се одигра реванш натпреварот од полуфиналето на купот, во конкуренција на кадети помеѓу екипите на Академија Пандев и Вардар. Посреќна беше домашната екипа, која со гол во 94 минута со удар од белата точка успеа да слави со резултат 3:2 и да се пласира во големото финале. Да потсетиме дека првиот нивни дуел одигран во Скопје, заврши без победник 1:1.

Тренерот Влатко Колев на денешниот натпревар стартуваше со следниве 11-сетмина: Денковски, Џуклески, Антовски, Јордановски, Серафимов, Колевски, Маркоски, Стојчевски, Насковски, Тодоров, Трајчевски.

Се до 90 минута, Вардарци имаа активен резултат кој ги води во големото финале, но сепак Академија Пнадев беше екипата која на крајот се радуваше. Струмичани беа први кои го отворија резултатот на 1:о со гол во 23 минута. Со овој резултат се замина и на полувреме. Во игра во вториот дел влезе Јакуп Бериша и истиов играч успеа во 48 минута да му донесе израмнување на нашиот состав. Сепак нашата радост траеше само три минути, бидејќи повторно домашниот тим успева да погоди и тоа со удар од белата точка, за резултат од 2:1. На 11 минути пред крајот голема радост на Вардарци носи Филип Стојчевски  кој ја погодува противничката мрежа, за израмнување на резултатот на 2:2. Голот беше постигнат од пенал. Кога сите се надеваа дека со ваков резултат ќе заврши натпреварот, при еден фаул во нашит шеснаесетник, судијата се решава да покаже на белата точка, во 94 минута. Академија Пандев го реализира ударот за водство од 3:2. Веднаш потоа главниот арбитар отсвири крај на натпреварот.

Штета за Вардарци кои денес одиграа одличен натпревар и можеби заслужија пласман во финалето, но сепак на крајот немавме среќа.