Своите натпревари во рамките на 15 коло од младинското првенство, категориите на ФК Вардар ги играат во сабота. Противник на сите Вардарови генерации, е екипата на Металург.
-Помладите пионери својот меч , против екипата на Металург ќе го одиграат со почеток од 10 часот, на теренот на Локомотива. Во есенскиот дел дуелот на овие две екипи заврши со почетните 0:0. Оваа генерација е во голема борба за титулата во лигата, заостанувајќи само еден бод од првопласираниот тим на Шкупи и второпласираната Шкендија. Со победа многу може да се добие од ова коло, со оглед дека првите две пласирани екипи играат меѓусебен дуел, па каков и да биде конечниот епилог, избраниците на Сашо Тодоровски доколку тирумфираат против Металург можат многу да профитираат.
-Пионерите до крајот на сезоната играат само за престиж и за подобар пласман на крајот од сезоната. Својот натпревар ќе го играат веднаш после оној на помладите пионери, со почеток од 12 часот на теренот на Локомотива.
-Дербито во ова коло, сигурно ќе биде помеѓу кадетските екипи на двата тима. Доколку Црвено-црните забележат победа, или останат непоразени на овој меч, може да се каже дека ќе бидат многу блиску до освојување на Шампионската титула. Секако оваа генерација секогаш оди на победа, што го докажува и во текот на целата сезона. Натпреварот е предвиден да се игра во сабота со почеток од 10 часот на теренот во Н.Илинден. Првиот есенски дуел заврши без победник 1:1. Тогаш стрелец беше Александар Најдовски.
-Младинците ќе се обидат да ја забележат првата победа во пролетниот дел. Екипата е без победа на последните три првенствени и една куп утакмица. Има квалитет дефинитивно во овој тим, сепак слабите резултати го говорат спротивното. Дали конечно ќе успеат да забележат победа, ќе видиме утре со стартот кој е закажан за 12 часот во Н. Илинден
Фото ТК Медиа