Кадетите на Рк Вардар денес стартуваа со натпревари, на второто издание на Меѓународниот ракометен турнир-Завидовиќи – Жепче 2015. Со снажната и цврста екипа од Никшиќ забележавме победа со резултат 18:16. И на полувремето имавме предност од 10:6.
Анастасовски, Арсеновски, Апостоловски и Трајковски постигнаа по 3 гола. Мирчев и Димитров додадоа по 2 голови.
Победата во ниеден момент не беше доведена во прашање. При наше водство од 16:8, шанса за настап добија сите играчи од клупата, каде тимот се престави како јак колектив и екипа што знае што сака. Утре на програмата се два натпревари, а во недела полуфинале и финале, како и за конечниот пласман на сите екипи кои земаа учество на турниров.