Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Андреев, играш со играч повеќе, Tетовче помогни му….
Андреев, играш со играч повеќе, Tетовче помогни му….

Андреев, играш со играч повеќе, Tетовче помогни му….

Мизерениот, очаен Вардар продолжи и во Куманово.. Никаква идеја во играта на Вардар, никаква идеја, топки кон играчите во навалната линија, иста слика како минатата година кога овој двоец на клупата на Вардар за жал го посрамоти името Вардар, со пласманот на 5-то место ова оваа лига.
Иста ситуација се случува и оваа пролет, само добро е имаме голема предност кон конкурентите од 5-то место…. донесени звучни засилувања, платите на играчите и да не се коментираат, но резултатите се една голема нула за жал, кој предизвикува бура на критики кај верните навивачи на Вардар.

Денешната слика беше очајна, речиси 75 минути нашиот тим играше со играч повеќе, но тоа како да беше обратно во овој натпревар… домаќините напагаа , а Вардар се бранеше, по постигнатиот гол за 2:2 се ”сокри” пред својот шеснаесетник, како да брани резултат во решавачко коло од ПМФЛ….

Вака ли ќе градиме Европски Вардар !?
Бараме оставка од Сергеј Андреев!
Oпасноста почнува дури сега…. ни следуваат нови дуели во плеј – офот со Работнички, Шкендија, Ренова…
Па затоа време е да се промени од таму каде што може во моментов, од тренерот, а на лето и од играчите кој прикажуваат мизерни партии во дресот на Вардар оваа, и минатата сезона.