На мечот одигран во Куманово на теренот на Башкими Вардар со играч повеќе 75 минути беше поразен 3-2 од Шкендија . Првиот дел заврши со резултат 2-1 за Тетовските црвено-црни.
Мечот помеѓу Шкендија и црвено-црните од Скопје почна со блага теренска иницијатива на Вардар со неколку нафрливања во казнетиот простор но без сериозна опасност. Првиот шок за Вардар дојде рано во 11 минута кога бразилецот Жуниор се ослободи од Хамбарџумијан со дриблинг и го совлада Пачовски. Пет минути подоцна црвен картон за играчот на Шкендија Ашковски кој со груб фаул го фаулираше Асани .Асани овој слободен по прекршокот над него не успе да го претвори во гол , неговиот удар заврши во живиот ѕид. Вардар не го искористи играчот повеќе во поле во наредните минути преку Блажевски имавме шанса но без завршница. И наместо изедначување втор шок за нас пенал за домаќините по играње со рака на Деспотовски , сигурен изведувач на истиот за 2-0 Вручина 37 минута. И кога сите очекуваа да се замине на полувреме во 46минута со глава убав гол за Вардар постигнува Ибричиќ. До крајот Шиле се обиде да изедначи но на полувреме се заминува со 2-1.
Вториот дел почна со ударот на Асани надвор од казнетиот простор на домаќините кој заврши надвор од рамките на голот. И повторно крај голот стрела босанскиот интернационалец во редовите на Вардар Ибричиќ. Вардар ја користи доминацијата на теренот и повторно во шанса Петковски но голманот на Тетовчани Јовановски го брани ударот со глава . Андреев се обидува да ги освежи својте редови во игра го внесува Дашијан на место на Деспотовски во 56 минута и 5 минути подоцна и Љамчевски влезе на место на Влатко Грозданоски . Стерилна е вардаровата офанзива и Шиле со глава не успева да ја затресе мрежата на домашниот тим.Конечно гол за за Вардар Глигоров влезе низ одбраната на Шкендија и забива силно во голот на Јовановски за 2-2 во 76 минута од мечот. И кога требаше да се искористи времето до крај да се нанесе пораз на помалубројниот домашен тим Јуфо од над 20 метра низ нозете на Вардаровата одбрана постига гол за 3-2 во 81 минута од мечот. Вардар пробува брзо да дојде до изедначување напаѓа но домаќините со чести симулации на повреди и грч на мускулите трошат од времето. Јовановски јунак на тетовчани брани удари на Вардаровите играчи од секаде ги собира во воздух нафрлените топки.