Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Историја > БОГАТА ТРАДИЦИЈА! КАКО И ОД КОГА РК ВАРДАР НАСТАПУВА ВО ЕВРОПА
БОГАТА ТРАДИЦИЈА! КАКО И ОД КОГА РК ВАРДАР  НАСТАПУВА ВО ЕВРОПА

БОГАТА ТРАДИЦИЈА! КАКО И ОД КОГА РК ВАРДАР НАСТАПУВА ВО ЕВРОПА

Ракометниот клуб Вардар последните две години има одлични настапи во лигата на шампионите многумина нови фанови и.т.н но Оние вистинските знаат дека Вардар во Европските натпреварувања има долга дводецениска улога . Има 9 учества во ЛШ , три европски полуфиналиња во куповите организирани од ЕХФ и многу многу повеќе едноставно РК Вардар не е тим кој се роди пред две години како што многумина нови фанови сметаат, Вардар имаше забележителна улога и претходно. Неспорен е фактот дека од како клубот го презема г-н Самспоненко вистинска Ренесанса владее во таборот на црвено-црните .

vardarfans h

На европската ракометна сцена РК Вардар дебитираше во сезоната 1993/1994 во натпреварите од Купот на ЕХФ. Во ЕХФ Лигата на шампионите досега има осум настапи. Во сезоната 2014/2015, РК Вардар по девети пат е дел од најелитното европско клупско натпреварување во својата клубска историја .

РК Вардар три пати беше полуфиналист во Купот на победници на Купови (1998/1999, 2004/2005 и 2010/2011), еднаш играше во четврт-финалето на КПК (2006/2007), а еднаш беше четвртфиналисти во Челинџ купот (2005/2006). Во своето прво европско полуфинале во сезоната 1998/1999, РК Вардар загуби од Адемар Леон (27:29, 20:35). Во второто полуфинале во КПК (2004/2005) не успеа да го мине РК Загреб (23:21, 26:34), а во третиот обид (2010/2011) непремостлива пречка беше Гумерсбах (21:33, 29:38). Во сезоната 2013/14 ракометарите на Вардар го остварија најголемиот успех во клупската историја во Лигата на шампионите, со пласманот во четвртфиналето, кога беа елиминирани од бундеслигашот Фленсбург (24:22 ; 25:27), кој на завршниот турнир во Келн ја освои највредната европска титула , и годинава повторно стигнавме до истото скалило каде тимот на Полски Киелце беше брана за нас.

Vardarfans z

Вардар е и прв победник во Регионалната СЕХА лига,а воедно и најтрофеен тим со две титули од 4години постоење на оваа лига . На 15 април 2012 година во финалето во Загреб, Вардар го победи Металург и ја освои првата титула во СЕХА лигата. Втората сезона во СЕХА лигата Вардар ја заврши со вицешампионска титула, по поразот од РК Загреб КО во финалето на Ф4 турнирот во Скопје. Минатата сезона Вардарци стигнаа до вториот трофеј во СЕХА ГСС лигата, откако во финалето на завршниот турнир во Нови Сад, го совладаа Мешков Брест, со 29:27.Годинава на завршниот турнир освоивме 4то место. Но сепак сме најуспешен колектив во Сеха.

vardarfans g