Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Гачевски: И ден денеска сме пријатели со Облак
Гачевски: И ден денеска сме пријатели со Облак

Гачевски: И ден денеска сме пријатели со Облак

Филип Гачевски е голманот на Вардар кој што оваа сезона доминира во првата македонска фудбалска лига. Голманот на “црвено – црните” оваа сезона има примено само 20 голови на досега одиграни 32 натпревари. Во разговор за официјалниот сајт на клубот, голманот на Вардар открива интересни детали од своја кариера. Гачевски вели дека има тренирано со голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак и дека редовно се слуша. Во продолжение проследете ги петте работи кои не сте ги знаеле за овој играч:

1. Може да биде рекордер по број на натпревари без примен гол во една сезона: „Знам дека го израмнив рекордот со 17 натпревари без примен гол во една сезона. Се надевам дека ќе ми успее до крајот на сезоната барем на уште еден натпревар да ја сочувам мрежата, и да срушам уште еден рекорд после оној со најмногу минути без примен гол. Драго ми е што повторно ја освоивме шампионската титула и сега посакувам нов рекорд“

2. Има тренирано со голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак: „Јас и Облак трениравме заедно кога јас имав 18 години, а тој имаше 16 години. Трениравме заедно во младинската репрезентација на Словенија. И ден денеска сме пријатели и секогаш кога имаме слободно време се слушаме. Можам за него да кажам дека е феноменален голман и одличен човек“

3. Да не би бил голман, можеби би бил полицаец: „Уште од првите денови кога почнав да се занимавам со фудбалот бев решен дека ќе бидам голман. А, тој кој што ме принуди да бидам голман, беше мојот татко. Татко ми е полицеац, и доколку не би бил фудбалер би му било чест да бидам во неговата улога која ја има тој сега, и можеби животниот пат ќе ме одведел на неговото место.“

4. Сакаше да се откаже од фудбал на 23 години: „Пет години бев во Австрија, и последната година таму беше една од најтешката во мојот живот. Доживеав многу неправди и размислував да се откажам од фудбалот. Благодарение на моите родители и нивната поддршка, се решив да пробам уште еднаш, да ја искористам последната шанса, и ете сега сум таму каде што сум и среќен сум што сум дел од Вардар“

5. Најинтересен детал од тренинг кампот на Вардар – пеењето на Горан Попов: „На почетокот кога дојдов во Вардар кога завршив со тренингот, се упатив кон соблекувалната. Од таму слушнав некој глас како убаво пее. Помислив дека можеби имаме специјален гости некој пејач во соблекувалната, меѓутоа кога влегов видов дека е тоа Горан Попов. Покрај тоа што добро игра фудбал, тој и добро пее и можел да се занимава со таа професија“