Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар генер. 2008 лесно го мина осминафиналето
Вардар генер. 2008 лесно го мина осминафиналето

Вардар генер. 2008 лесно го мина осминафиналето

Најмладата генерација на Вардар, генерацијата 2008 лесно ја мина првата елиминациона пречка во Детската лига. Денеска нашите млади момчиња славеа две победи и тоа против тимовите на Работнички  и против тимот на Смилковци, кој со службен резултат го загуби овој меч.

Најпрвин на жешкиот терен во Градски парк одигра натпревар тимот на Вардар (2) против тимот на Работнички. Овој натпревар нашиот тим го доби убедливо и многу лесно. Во текот на целиот натпревар Вардар доминираше на теренот и заслужено му даде девет погодоци на противникот. Вардар се мачеше само во првите 5-6 минути, потоа работите си дојдоа на свое место. Вардар во вториот дел постигна вкупно седум погодоци за на крај да победи со вкупни 9:0. Стрелци на головите кај Вардар денеска беа: Илија Митаноски и Јован Павлоски по 2, Бојан Пешов, Коста Бошковски, Матеј Киш, Марко и Павел Андов по 1.

Вардар (1) пак, ја мина осминафиналната пречка без одигран меч. Тимот на Смилковци не се појави на теренот денеска во Градски парк. Вардар овој меч го доби со службен резултат од 3:0.