Од 24-26 април во Босна и Херцеговина, се одржа второто издание на меѓународниот ракометен турнир Завидовиќи 2015, на кој учествуваа и две категории на ракометниот клуб Вардар. Кадетите го освоија првото место на споменатиов турнир, каде забележаа максимален учинок од пет победи.
Пионерите, предводени од тренерот Горан Стојков го завршја настапот на шестото место, остварувајќи две победи и три порази. Победи беа забележани против екипите на Никшиќ (19:12), Жепче (20:17). Поразени бевме од тимовите на Урбанскејп Лока(12:17), Локомотива (15:19). Во борба за петото место, нашите момчиња беа минимално поразени од екипата на Слога, со резултат 16:17.
Ваквите турнири се од големо значење за овие млади генерации, преку кои стекнувваат едно големо искуство натпреварувајќи се со екипи од различни земји.