Monday ,16 September 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Нови победи во првенството за кадетките и пионерките на Жрк Вардар

Нови победи во првенството за кадетките и пионерките на Жрк Вардар

Кадетките и пионерките на Жрк Вардар, забележаа нови победи во својата лига. Кадетките забележаа минимална победа на гостински терен, против екипата на Велкова. Мечот се играше во салата Ѓорче Петров, и заврши со резултат 12:13. По првото полувреме имавме водство од 4:6. Повеќе од половина од головите ги постигна Анастасија Николовска. Зад нејзиното име на крајот беа запишани 7 голови. До крајот на сезоната остануваат уште три натпревари за одигрување, со екипите на Ѓорче, Куманово и Металург.

vardarfans mladi

Пионерките пак одиграа меч со своите врснички од Кожувчанка. Мечот се одигра во С.Р.Ц. Кале и заврши со триумф на црвено-црните, со резултат 17:13. Најефикасна беше Ива Цветковска која постигна дури 8 голови, Бојана Диневска додаде 4 голови. Со овој дуел, пионерките завршија со настапи во домашното првенство, за оваа натпреварувачка сезона.