Tuesday ,23 July 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки им одржаа лекција на Францускиот Флери
Вардарки им одржаа лекција на Францускиот Флери

Вардарки им одржаа лекција на Францускиот Флери

Жрк Вардар со убедлив триумф го заврши вториот контролен натпревар, против моментално Лидерот во Француското првенство, екипата на Флери. Откако на првиот меч бевме минимално совладaни, вечерва не дозволивме тоа да се случи. Со една сконцетрирана игра во текот на сите 60 минути, успеавме да забележиме висока победа со резултат 34:23. Уште по првото полувреме ја најавивме високата победа, откако на пауза се замина со резултат 19:11. Во вториот дел само ја зголемувавме предноста, за на крајот да стигне двоцифрена предност од 11 голови.

Сите ракометарки кои беа на располагање, добија шанса за настап. Ова беше вистинска контрола, за големиот предизвик што ни следува на завршниот турнир во Будимпешта. Француската екипа се покажа како многу квалитетен противник и силен тест за нашиот тим пред најважното што престои.

Вечерва најефикасна беше Радичевиќ со 6 голови. Сокач и Лекиќ постигнаа по 4. Одлични на голот како и вообичаено беше голманскиот тандем Суслина-Лејно кои забележаа вкупно 19 одбрани. На овој натпревар играше и Кликовац, која не беше во можност да настапи на првиот дуел.