Официјално, градското фудбалско дерби помеѓу екипите на Вардар и Работнички ќе се одигра во вторник со почеток од 18 часот на Арената Филип втори. Ова е одлична можност за гледачите по подолго време да можат да проследат фудбалски натпревар во ноќен термин. Мечот добива на значење, бидејќи играат прво и второпласираниот на табелата, кои се борат за Шампионската титула во домашното првенство. Нема многу калкулации за црвено-црните, потребна е победа на овој дуел за да се одлепиме на најголеми досега шест бода. Иако момците не прикажуваат игри како што очекува верната Вардарова публика, Комити биле секогаш со тимот дури и во многу потешки моменти.
Очекуваме по подолг период да видиме еден квалитетен дуел, како што доликува на едно дерби во едно национално првенство. Трите бода секако се обврска и должност за Вардаровите фудбалери да ги освојат на овој толку важен дуел. Ги повикуваме сите симпатизери на црвено-црниот состав да бидат во вторник на стадион и да го бодрат клубот кон големо исчекор кон нова титула.