Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Ние и понатаму ќе те бодриме!
Ние и понатаму ќе те бодриме!

Ние и понатаму ќе те бодриме!

Иако сме разочарани сите од играта на овој Вардар оваа година, и понатаму ќе биде со клубот во овие тешки моменти, во борба за титулата. Во вторник се игра дербито на колото, дербито на лига, дербито на двете екипи кои се борат, и ќе се борат во борба за пехарот, и толку посакуваната борба во квалификациите на Лигата на Шампионите.
Предноста е за жал само три бода пред Работнички, сите очекувавме оваа пролет нашиот Европски тим да се ”прошета” низ оваа лига, но не е така.

На ВАРДАР сме му потребни, во овие одлучувачки неколку кола што ни престојат да влеземе во плеј – офот со предност од +6 бодови.
Натпреварот поради поместување, ќе се одигра во вторник на нашиот најголем стадион.
Сите знаеме дека терминот од 16 часот и не е баш идеален, со оглед на фактот што натпреварот не се игра за викенд, па бараме од управата на Вардар, натпреварот да се одигра во вечерен термин во вторник.

ВАРДАР – Работнички (Вторник)
Фото: fkvardar.mk