Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дојдоа, видоа, заминаа…
Дојдоа, видоа, заминаа…

Дојдоа, видоа, заминаа…

Повеќе не е дерби на македонскиот ракомет. Вчерашниот натпревар помегу градските ривали Вардар и Металург наликуваше на ревијален натпревар…
Класата беше очигледна, Вардарци играа смирено, без притисоци, додека пак играчите на Металург колку толку успеваа да се држат во мечот првите 15-тина минути, потоа почнаа да паѓаат во играта.
Очигледно беше дека младите играчи на Металург во нападот немаа никака идеја во играта па речиси во стилот на една женска екипа, скоро секој напад го завршуваа под закана од пасивен напад.

Мирно беше и на трибините, Комитите како и секогаш, со громогласна песна ги мотивираа момците, и целата сала, за одлична престава и на трибините, од друга страна некаде на средина од првиот дел пристигнаа и 50-тина навивачи од Автокоманда кој исто така му даваа поддршка на Металург.

Се на се, еден просечен натпревар, без мотиви, без возбудување, но со еден куп атракции.
Напред Вардар, одиме по титула!
Фото:rkvardar.mk