Осум играчи на младинците на Рк Вардар, ќе бидат дел од составот на селекторот на Младинската ракометна репрезентација-Влатко Неделковски. Македонската репрезентација ќе учествува на турнир во Унгарија, во периодот од 1-3-ти мај. Ќе учествуваат уште и селекциите на Хрватска, Норвешка и домаќинот Унгарија.
Собирот како подоготовка за овој настап, почнува утре со почеток од 16 часот во салата Расадник. Од екипата на Вардар се повикани следниве ракометари:
1. Никола Кизиќ(голман)
2.Илија Трпевски(голман)
3.Александар Мирчев(лево крило)
4.Кристијан Анастасовски( пикер)
5.Филип Арсеновски(пикер)
5.Стефан Трпчевски(десен бек)
7.Тоше Ончев(лев бек)
8.Димовски Александар (среден бек)