Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Вториот тим на Жрк Вардар, високо поразени од Металург
Вториот тим на Жрк Вардар, високо поразени од Металург

Вториот тим на Жрк Вардар, високо поразени од Металург

Во рамките на 16 коло од женската Скопско супер-лига, втората екипа на Жрк Вардар доживеаа висок пораз во Автокоманда, од тимот на Металург. Лошото прво полувреме кога постигнавме само три гола беше главната причина за големиот пораз. Уште во 15 минута имавме негатива од 8:1. На полувреме се замина со резултат 13:3.

Во вториот дел прикажавме малку подобра игра, но не беше доволна да се ублажи високата негатива. Највисока предност тимот од Автокоманда имаше во 51 минута, кога поведе со 25:10. До крајот црвено-црните само ја намалија предноста на домаќинките. Конечниот резултат гласеше 27:14.

Керамитчиева постигна 7 голови, Нолевска 5. Нина Ладева забележа 15 одбрани.

ЖРК Вардар: Белимезова, Ладева, Џини, Прленда, Петровска, Ангелевска, Трпковска, Николовска, Бојаџиска 1, Тодоровска 1, Нолевска 5, Трајчевска, Керамичиева 7, Мишевска, Трајковска, Гичевска.

Фото: Жрквардар