Градското Скопско дерби е закажано за вторник 16-00 часот првично беше меч кој требаше да се одигра денес но заради одложување на претходниот дуел помеѓу Шкендија и Вардар доби нов термин . Напомена се уште е можно да се смени терминот со ноќен за што денес ние како вардарфанс.мк апелиравме до надлежните.
Покрај Комити кој ќе бидат на Запад и кој се најсериозна најдолготрајна и единствена вистинска тифо група во Земјава на дербито и гостинските фудбалери ќе имаат навивачка поддршка во од новоформираната нивна навивачка група “Херои“ . Историјата помни и претходни обиди да се формира и фунционира навивачка група на ФК Работнички имаше Романтичари па Легија-5 но се тоа беше тренд-групи кој згаснуваа како и што се појавуваа одеднаш без трага и глас. Скопје одсекогаш навивало, навива и ќе навива само за еден фудбалски клуб ВАРДАР . Сепак ќе биде интересно да се види овој нов декор на скопското градско дерби во кое со победа црвено-црните имаат шанса да се одлепат на 6 бода во однос на моменталниот Шампион . По овој меч следи последниот 4ти круг од во кој ќе играат шесте најдобропласирани тимови во Македонската прва фудбалска лига.