Прекрасна вест ни стигна од Босна, каде изминатиов период од 24-26 април, две Вардарови генерации беа учесници на второто издание на Меѓународниот турнир- “Завидовиќи 2015“. Избраниците на Зоран Петковски на убедлив начин го освоија првото место, забележувајќи пет победи од исто толку натпревари.
Походот на турнирот го започнаа со триумф против Никшиќ (18:16), потоа Челик Јуниор (28:23) и Жепче (31:13)
Ова беа натпревари во групната фаза, кои им овозможија да се борат за полуфинале и финале. Таму најпрво беше преслушана екипата на Какањ (31:16), за во финалето исто така да забележиме нов триумф, против екипата на Криваја(24:17), што значеше и освојување на овој турнир. За најдобар играч на турнирот беше прогласен Алија Амзоски од редовите на црвено-црните.
Пионерската екипа, предводена од Горан Стојков го освои шестото место на турнирот, забележувајќи две победи и три порази.
Фото:Рквардар