Вчера, во неделата на 14-ти мај на програмата беше новото, шестто пролетно коло во фудбалската Вардар Јуниор лига. Домаќин на ова коло беше градот Виница каде настапија две категории на дечиња, родени 2007 и родени 2008. Младите надежи одиграа четири натпревари на кои се постигнати следниве резултати:
ГЕНЕРАЦИЈА 2007 ГОДИНА:
Плачковица Радовиш – Слога 1934 Вардар Виница 3:2
Фудбал Старс Кочани – Рудар Јуниор Пробиштип 1:5
ГЕНЕРАЦИЈА 2008 ГОДИНА:
Фудбал Старс Кочани – Рудар Јуниор Пробиштип 5:3
Плачковица Радовиш – Слога 1934 Вардар Виница 2:4