Пионерките на Вардар кој ги предводат Драгана Пецевска-Ристова и Билјана Пецевска одиграа перфекна сезона во пионерската лига. Тие во Групата-2 каде одиграа 10 натпревари во кој дојдоа до исто толку победи. Девојките играа фантастично одлично подготвени и мотивирани од тренерскиот двоец со максимален број бодови обезбедија место на завршниот Ф-4 турнир каде ќе разигруваат за титулата.
Покрај максималните 30 бода тие имаат одлична гол разлика, постигнаа 263 гола или во просек погодуваа повеќе од 26 пати на натпревар што е исклучително голем процент ако се земе дека се игра 2х20 минути. Примија само 73 гола, или во просек едноцифрен број на погодоци по натпревар односно 7,3 гола по дуел. Тие постигаа повеќе 190 гола од противниците односно 19 гола во просек повеќе по одигран натпревар со своите ривали. Сето ова наговестува дека сме зрели за пионерско злато. Во другата група прва е екипата на ЖРК Металург која ќе биде наш ривал за пехарот, тие заврши исто така со 30 бода, но со значајно послаб ефект кога во прашање се постигнатите резултати и голови.
Завршниот турнир се игра во сабота, 20-ти Мај во салата “Автокоманда“ во Скопје. Пионерките ни се последна надеж за злато оваа сезона, откако во сите други ракометни категории не успеавме да бидеме на највисоката позиција. Прв натпревар во сабота на Ф-4 е помеѓу Металург и Стружанка од 10 часот. Нашите црвено-црни девојки играат од 11-15 часот со екипата на ЖРК Куманово во второто соочување во 1/2-финалето. Се надеваме дека ќе играме потоа и од 19-00 часот кога е закажан финалниот меч. На младите девојки им треба поддршка повик до сите заинересирани пред се од млaдите екипи на Вардар да бидат во салата и да им дадеме “имплус плус“ на нашите лавици.