Претстојниов викенд ќе се одигра завршниот ракометен турнир од купот на Македонија во машка конкуренција. Денес црвено-црните го играат финалниот натпревар во четвртфиналната група од купот против екипата на Радовиш. Вчера Вардар немаше поголеми проблеми и забележа рутинска победа против Борец. Ракометната федерација на Македонија со посредство на ТВ Телма, како телевија која ќе го пренесува завршниот турнир ги објавија термините на одигрување на полуфиналните и финалниот меч од ова натпреварување. Најпрво со почеток од 17:30 часот во сабота, силите ќе ги одмерат домаќинот Еурофарм Работник и Охрид 2013, додека за 20:30 часот е предвиден да започне мечот помеѓу Вардар и Металург. Големото финале ќе се одигра следниот ден, на 21-ви мај (недела) од 16:30 часот.
Нашиот ракометен шампион го брани трофејот од минатата сезона кога во финалето беа подобри од екипата на Металург. Тој дуел заврши со резултат 31:24, што беше единаесетти трофеј во купот за црвено-црните.