Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > И Шишкарев останува „црвено – црн“
И Шишкарев останува  „црвено – црн“

И Шишкарев останува „црвено – црн“

Управата на Вардар не запира, по Карачиќ, Абутовиќ и Борозан, следен кој ќе го продолжи договорот со шампионот на Македонија ќе биде десното крило од Русија Данил Шишкарев.

Шишкарев во Вардар дојде во 2014 година од Русија, леворакиот играч во таборот на шампионот на Македонија треба да остане и во наредните две или три години.

Покрај овие досегашни нови договори, досега е јасно само едно заминување од Вардар и тоа она на Душебаев кој по крајот на оваа сезона за жал заминува во Келце, на негово место во Вардар доаѓа “џинот” од Летонија, Даинис Кристопанс.