Борачот на БК Вардар и Македонски репрезенативец Хамикоев Тимур кој се бори во римско-грчки стил зема учество на силен турнир кој се одржа во Москва . Овој квалитетен турнирот „Савинкин и Малов“ се одржува традиционално 15 година по ред.
Нашиот алтан Тимур во конкуренција на 24 борачи колку што имаше во неговата категорија го освои сребрениот медал. До финалето победи во три борби од која во една со туш ,а во финалето беше поразен од Белорускиот преставник на овој турнир по што се закити со сребрен медал.
Тимур настапува во категоријата до 85килограми и овој сребрен медал е голема потврда дека е во изворедна форма пред Европските Олимписки игри -Баку 2015 на кој веќе има обезбедено учество нашиот борач.