Вардарки ги одработуваат последните натпревари, пред вистинскиот тест што следува за некаде две седмици. Моментално лидерот во Француското првенство, екипата на Флери беше спаринг партнер за црвено-црните девојки. Овие два тима одиграа два контролни натпревари. Во првиот меч, гостинките од Франција забележаа минимална победа со резултат 30:28. Вардар врати за овој пораз на вистински начин, декласирајќи ги во второт меч со високи 34:23.
-Пред се да се заблагодарам на Флери, мислам дека е една екипа која баш ни одговараше во моментов, имаат сѐ што ни требаше нам и многу добро ни дојдоа овие пет дена работа со нив. Мислам дека нема да останеме на ова и дека и понатаму ќе соработиваме со Флери, затоа што ова може да ни помогне и на нас и на нив. После овие два натпревара и три тренинзи одработивме многу, она што не би можеле ако бевме сами.
Индира и Питлик ги вршат последните подготовки и максимално ја подготвуваат екипата за Ф4 во Будимпешта.
-Добивме многу во одбраната. Тие имаат цврста одбрана, пикер сличен како оној на Будуќност, така што подготвивме некои работи кои ќе ни требаат за Ф4 во Будимпешта. Девојките го одработија своето и мислам дека завршивме голема работа, изјави Кастратовиќ.