Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Алија Амзоски: Ракометот е тимска игра, ако ги нема моите соиграчи, ништо не би можел сам
Алија Амзоски: Ракометот е тимска игра, ако ги нема моите соиграчи, ништо не би можел сам

Алија Амзоски: Ракометот е тимска игра, ако ги нема моите соиграчи, ништо не би можел сам

Кадетите на Рк Вардар го овоија второто издание на Меѓународниот ракометен турнир “Завидовиќи 2015“, кој се играше во Босна и Херцеговина. Забележаа пет победи и засужено се најдоа на првото место.

-Турнирот помина во најдобар ред, пред се одлична организација на домаќинот, одлична атмосфера од публиката. Во финалето имавме доста голем притисок од публиката, бидејќи игравме нормално против домаќинот на овој турнир. Успеавме да се справиме со тоа и да одиграме најдобро што знаеме, без оглед на се и на крај да славиме. Овој турнир се одржува втора година по ред, но за нас ова е прво учество на истиот. Му благодариме на домаќинот за поканата да учествуваме. Се надеваме дека во иднина, повторно ќе земеме учество и ќе го повториме овој резултат. Мислам дека заслужено го освоивме турнирот, во секоја смисла на зборот. Се подготвувавме две недели физички, и оној дел кој е најважен во играта, тактичкиот дел. Ние сме една одлична екипа со долга клупа, во секој момент секој кој ќе добие шанса ја користи максимално. Нашиот тренер одлично ја прави таа ротација, имаме доволно време сите да се одмориме и кога е најпотребно да го дадеме максиумот. Пред се имавме одлична одбрана на сите пет натпревари, во кои примивме многу малку голови. Со добрата наша одбрана, брзата игра и контра напад, ефикасно го реализираме секој напад.

Наградата за најдобар играч на турнирот ја понесе, Алија Амзоски.

-Што се однесува за наградата најдобар играч, пред се им се заблогодарувам на моите соиграчи за одличната игра и на тренерот кој ми пружа шанса. Мислам дека на најдобар начин ја користам секоја прилика максимално. Сепак ракометот е тимска игра, ако ги нема моите соиграчи, ништо не би можел сам. Задоволен сум од мојата игра на сите пет натпревари, бев подготвен и знаев што сака тренерот од мене. Тоа на вистински начин го демонстрирав на теренот, изјави Алија Амзоски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски