Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Како ќе изгледа РК Вардар во следната натпреварувачка сезона
Како ќе изгледа РК Вардар во следната натпреварувачка сезона

Како ќе изгледа РК Вардар во следната натпреварувачка сезона

Оваа сезона полека привршува за ракометниот клуб на Вардар. Повторно се најдовме во најдобрите осум екипи во Европа и игравме на завршниот турнир на Сеха-лигата, каде не се прославивме многу и го освоивме четвртото место. Заврши и одисејата во Лигата на шампионите, каде повторно малку фалеше да одиме чекор понапред од минатата година. Но Европа и Балканот се веќе минато за оваа сезона. Сега сите погледи се насочени кон домашното првенство и купот. Црвено-црните веќе го направија првиот чекор, кон освојување на домашната титула со убедливите победи против екипите на Зомимак и Металург. Нема сомнение дека Вардар нема вистински конкурент во моментов на домашната сцена. Исто така се пласиравме и на завршницата во купот, каде го браниме трофејот освоен од минатата сезона.

Клубот дефинитивно ќе претрпи неколку играчки промени, едни ќе заминат, други ќе дојдат. Веќе е најавено заминување на Михаил Чипурин, Алексеи Растворцев, Владимир Петриќ, Немања Прибак и Добривоје Марковиќ. Сите овие играчи, ќе добијат замени на испразнетите позиции. Тимот добива нов пикер, во името на Марсениќ кој е поранешен играч на Металург и Партизан. Се работи за висок 2.02 см корпулентен играч, кој би требало да биде одлична замена за Русинот Чипурин, кој две сезони го носеше црвено-црниот дрес. Така Тоскиќ и Стоилов добиваат нов соиграч на пикерската позиција, но најверојатно Марсениќ би требало да ја сочинува таа висока цврста одбрана заедно со Абутовиќ, Тоскиќ, Лацковиќ и новодојдениот Македа. Позицијата лев бек ќе биде дополнета и засилена со Рускиот репрезентативец и моментално член на Рускиот Шампион-екипата на Ч.Медведи. Деревен ја одигра историската сезона за него во ЛШ, каде на десет натпревари постигна 62 голови, и беше убедливо најефикасен играч на својот тим. Има само 23 години, располага со висок одраз и силен шут. Може слободно да одговори и на одбранбените задачи поставени од тренерот, така да добро ќе дојде и во таа дефанзивна линија со горе споменатите играчи задолжени за одбрана. Плод на неговата добра сезона,е изборот за најдобар млад играч во Лигата на Шампиони за оваа година. Дефинитивно ќе располагаме со квалитетни леви бекови, каде веќе како прва опција го имавме Горбок, после повредата на Лацковиќ.

Најзвучното засилување кое треба да пристигне во јули, е дефинитивно Шпанскиот репрезентативец Хорхе Македа. Овој корпулентен играч висок 1.95 см, настапува на позицијата десен бек и игра подеднакво и во одбраната. Со неговиот колега од репрезентацијата, Душебаев ќе го сочинуваат бековскиот тандем на таа позиција. Македа одлично се вклопува и во одбранбената зона на црвено-црните, каде дефинитивно ќе нема потреба да се зема само специјалист за одбрана. Македа е веќе докажано име и во својата селекција, и во екипата на Нант каде игра изминативе три сезони. Марковиќ по неколку сезони поминати во дресот на Вардар, по крајот на сезоната го напушта тимот. Неговата замена на позицијата лево крило, е талентираниот Дејан Манасков кој е поранешен играч на Металург, каде и се разви во комплетен играч. Оваа полусезона ја игра во Бундес-лигата и зад себе бележи одлични натпревари. Заедно со Дибиров ќе го носат товарот на нивната позиција, и се надеваме дека одлично ќе соработуваат.

Една од најголемите загуби, кои навивачите најтешко го поднесоа е заминувањето на Прибак. Овој играч ќе остане во срцата на сите Вардарови навивачи, многу сезони го бранеше овој дрес и играше со срце за клубот. Немања е еден од ретките кои играле воопшто во Македонија, а чисто да го зборува нашиот јазик. Прибак заминува за Турција, каде својата кариера ќе ја продолжи во тимот на Бешикташ. Лука Циндриќ е најчесто споменуваното име, кое најверојатно ќе го засили црвено-црниот состав и ќе преставува замена за Прибак. Лука заедно со Карачиќ ќе бидат главните организатори на играта. Уште не е официјално и сигурен статусот на Стефан Терзиќ кој поизвесно е дека ќе го напушти клубот, и на капитенот Филип Лазаров кој најверојатно останува и во следната сезона играч на Вардар.

Со сите овие квалитетни засилувања и со играчкиот кадар кој останува, се надеваме следната сезона да одиме едно скалило погоре во Лигата на Шампионите.

Звонко Ивановски