Tuesday ,03 December 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Не успеавме, но “машки и “гордо“ ја завршивме сезоната во ЛШ
Не успеавме, но “машки и “гордо“ ја завршивме сезоната во ЛШ

Не успеавме, но “машки и “гордо“ ја завршивме сезоната во ЛШ

Втора сезона по ред црвено-црниот состав се најде во најдобрите осум екипи во Европа. Фалеше момент на среќа, организиран напад, добра одбрана за ова скалило да биде уште погоре. Имавме можност да испишеме историја прво за клубот, а потоа и ракометот во Македонија. Неможеме да кажеме дека не сме задоволни од овој тим и играчи кои овие две години ги бранеа боите на Вардар во Лигата на Шампионите. Имаше блесоци, незаборавни моменти, победи но и падови кои се неминовен дел од спортот. На се ова професионално одговорија и го доживеаа избраниците на Раул Гонзалес, кој по вчерашното испаѓање од Киелце, изјави дека “неговите играчи се најдобри на свет“. И за сите нас кои навиваме и го подржуваме овој тим, ќе се сложиме дека не не разочараа никогаш. Тоа го препознаваат и нивните најверни-Комитите кои и после неуспех ги отпоздравуваат и ги скандираат нивните имиња. Колку е љубовта и врската голема меѓу нив покажаа навивачите, кои поминаа илјадници километри само за да бидат блиску до својот миленик.

Вардар можеби не успеа, но потклекна машки и борбено, како и што му доликува на еден голем клуб. Најдоброто од овој тим е сигурно дека допрва доаѓа. Уште сега е поставена целта за следната сезона, пласман на завршниот турнир кој претходниве две години ни избега за “влакно“. Фленсбург и Киелце беа последните пречки за најголемото остварување, но тие остануваат наши стари должници за во иднина. Полека се крпи составот на црвено-црните кој би настапувал следната сезона. Доаѓањето на Македа, Деревен, Манасков и.т.н сигурно дека ќе го подигнат квалитетот на тимот за едно скалило, кое ни е потребно за посакуваната цел и пласманот во Келн.

Стратегијата на господинот Сергеј Самсоненко и Раул Гонзалес е јасна, тимот да се гради полека од сезона во сезона, кога конечно би експлодирал кон Европската титула. Имаме со што и да се гордееме и покрај елиминацијата. Вардар е единствен клуб во Европа, кој има три играчи кои се најдобри стрелци во ТОП 10 во Лигата на Шампионите. Со ваков податок неможат да се пофалат ни еден Кил, Барселона и Веспрем. Јасно е дека овие две години, Вардар остана запаметен по добри и квалитетни натпревари, и тим кој веќе стана страв и трепет за сите во Европа.

Нема многу одмор за војската на Гонзалес, веќе од утре ги очекува вистински маратон на натпревари во купот и Првенството. Тука нема калкулации, го браниме освоениот куп и ја враќаме домашната титула, каде и е местото.