Младинската ракометна репрезентација до 19 години успеа да направи голем успех и да се пласира на Европското првенство, кое годинава ќе се игра во градот Валенсија-Шпанија. За три дена колку и што траеше квалификацискиот турнир, успеаа да забележат три големи победи. Пред нашите надежни девојки потклекнаа репрезентациите на Исланд, Холандија и Црна Гора.
-Пред почеток на овај квалифицикациски турнир ние знаевме дека ова е дефинитивно најтешката група и дека мора да се надминиме себеси ако сакаме да оствариме историски успех. Оваа генарација долго време е заедно и од натпревар во натпревар играме се подобро и посамоуверено. Неуспехот на Светското првенство беше голем мотив за нас, да докажеме дека вредиме и дека моравме подобро. Бевме потценати од противници на овој турнир и тоа многу паметно знаевме да го искористиме. Во Шпанија не одиме со бело знаме, и ќе се обидиме да му ги замрсиме сметките на фаворитите.
Поддршката во С.Р.Ц. Кале ниту еден ден не изостана, девојките имаа голема мотивација за игра и ги оправдааа очекувањата на сите присутни.
-Голема благодарност до навивачите кои овие три дена ни дадоја огромна подршшка, заедно со нив испишавме уште една успешна приказна во ракометната тврдина Кале, ни изјави членот на Македонската репрезентација и втората екипа на Вардар, Петровска за нашиот сајт.
Дури десет ракометарки од Вардар, беа дел од овој голем успех и сите имаа забележителна улога во пласманот на Европското првенство.
Звонко Ивановски