Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Важен меч не очекува во среда, за титула!
Важен меч не очекува во среда, за титула!

Важен меч не очекува во среда, за титула!

Важен меч го очекува ФК Вардар во среда, во борба за титулат против тетовска Шкендија.
На овој натпревар по суспензијата се враќаат Артак Дашјан и Никола Глигоров, овие два играча не настапија против Ренова поради пет жолти картони.
Оваа сезона тимот на Шкендија му лежи на нашиот Вардар, победивме во Тетово, победивме и дома со убедливи 3:0, и ги елиминиравме од купот на Македонија.

Натпреварот ќе се одигра на стадионот Башкими во Куманово со почеток во 16 часот, со директен пренос на Собраниски канал.
Исто така не очекува уште еден важен дерби меч, против градскиот ривал, и претенден за титулата екипата на Работнички, која во моментов има -4 бода во однос на нашиот Вардар.

Дојде на стадион во недела да го бодриме Вардар, во уште една значајна победа, и титула!
Фото: fkvardar.mk