Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар е единствениот тим, со три најдобри стрелци во ТОП 10 во ЛШ

Вардар е единствениот тим, со три најдобри стрелци во ТОП 10 во ЛШ

Вардар ги заврши настапите за оваа сезона во Лигата на Шампионите. Во реваншот во Полска не успеа да направи подвиг, но сепак машки изигра и не се предаде во ниеден момент. Играчите на црвено-црните високо котираат на листата на најдобри стрелци во најголемото ракометно натпреварување. Вардар е единствениот клуб со тројца свои ракометари, во ТОП 10 стрелци.

Vardarfans top 10

Руското крило, Дибиров и оваа сезона е најдобар стрелец на Вардар во ЛШ. Моментално се наоѓа на четвртата позиција со вкупно 78 голови. Игор Карачиќ ја одигра најдобрата сезона во неговата кариера и со 74 постигнати голови се наоѓа на шестото место. Еден помалку со 73 голови, и едно место под него се наоѓа нашиот десен бек Алекс Душебаев кој ја заврши сезоната на перфектен начин. Во реваншот во Киелце беше наш најдобар поединец постигнувајќи 9 голови. Во ТОП 50 најдобри стрелци е и Сергеј Горбок кој забележа 45 голови.

За Тимур, Алекс, Игор, Арпад и Раул, имате можност секој ден да гласате во изборот за ол-стар тимот во ЛШ, на следниов линк ТУКА