Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар јуниор не успеа да се пласира во завршницата на купот
Вардар јуниор не успеа да се пласира во завршницата на купот

Вардар јуниор не успеа да се пласира во завршницата на купот

Избраниците на Пепи Манасков не успеаа да направат подвиг и да се пласираат на завршницата во националниот куп. На патот им застана квалитетната екипа од Струмица, Зомимак кој се покажа како поквалитетен противник. Натпреварот се одигра во малата сала во С.Ц. Јане Сандански каде Вардар беше домаќин на четврт-финалната група. Речиси во текот на целиот натпревар гостите од Струмица го имаа водството и на крај сосема заслужено победија. Црвено-црните на моменти се обидуваа да се вратат во игра, но на тоа Зомимак одговараше со серија на погодоци. По првото полувреме резултатот беше 9:14. Во вториот дел нашите момци имаа свои моменти но недоволни за пресврт. Зомимак ја зголемуваше предноста, за на крај да слави победа со резултат 30:23.

Костовски беше најефикасен со 4 гола, еден помалку постигна Вујачиќ.

Зомимак со победата против Пелистер, ќе игра на завршниот турнир на најдобрите четири во Купот на Македонија. За вториот тим на Вардар остануваат натпреварите од првата лига, каде е на првото место на табелета со максимален учинок на победи. Од следната сезона и Вардар јуниор се очекува да се приклучи на Супер лигата.