Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар јуниор во борба за влез на завршниот турнир во националниот куп
Вардар јуниор во борба за влез на завршниот турнир во националниот куп

Вардар јуниор во борба за влез на завршниот турнир во националниот куп

Спортскиот центар Кале ќе биде домаќин на четврт-финалната група во рамките на купот на Македонија. Вардар јуниор ќе се обиде да обезбеди учество на завршниот турнир, на најдобрите четири екипи во ова натпреварување. Избраниците на Пепи Манасков кој успешно чекорат кон Супер лигата за следната сезона, ќе имаат тешка задача да ја совладаат екипата на Зомимак од Струмица. Во групата се наоѓаат уште и екипите на Пелистер и Преспа кои ќе играат во другиот дуел.

Ќе се играат на принцип на полуфинални дуели , а победниците во меѓусебен меч ќе одлучат кој од оваа трета група ќе биде преставник на т.н Ф4 Куп турнир .

Натпреварите ќе се одиграат во следните термини:

Прв меч 11:00 часот (сабота): Преспа-Пелистер
Втор меч 13:00 часот: Вардар Јуниор – Зомимак

Финален меч 19:00 часот: Преспа-Пелистер – Вардар Јуниор/Зомимак-М