Екипата на Жрк Вардар ќе го брани трофејот од купот освоен минатата сезона, откако со победата против Куманово се пласираше на завршниот турнир на ова натпреварување. 44:22 гласеше конечниот резултат на овој дуел. На овој натпревар шанса за настап добија помладите ракометарки, меѓу кои и четири играчи од кадетската и младинската екипа на Вардар
-Натпреварот помина во најдобар ред. Ние постојано го контролиравме резултатот во свои раце и константно го зголемувавме. Индира и Питлик ни дадоа шанса за настап во второто полувреме на сите четири девојчиња кои бевме избрани да настапиме. Јас и Ива Божиноска дадовме по два гола, а Јована забележа неколку интервенции. Мечот помина одлично и задоволни бевме од својот настап во тие 15 минути што ни ги пружија(настапивме од 30-45 мин.). Двајцата тренери со нас се однесуваат на многу професионален начин и како што самите велат се задоволни од прикажаната игра, изјави Анастасија Николовска за Вардарфанс.
Звонко Ивановски