Мечот помеѓу нашиот ФК Вардар и тимот од Тетово екипата на Ренова трет пат го менува терминот . Како што ве известивме вчера по одбивањето на Ренова мечот не беше закажан за Сабота во 16-00 часот како што беше планирано и објавено од црвено-црните.
Денес по барањето на Македонската Радио и Телевизија дека во нивната програмска шема има место за директен пренос само доколку почне мечот во 15-00 часот овој првенствен меч рекорден трет пат го смени терминот на одигрување. Мечот ќе биде пренесуван на Собранискиот канал на МРТ. За напомена во 15часот и 30 минути игра нашиот ракометен колектив во 1/4 Финалето во Лигата на Шампионите со тимот на Киелце во битката за Ф4 завршниот турнир во Келн .И со оваа промена на терминот повторно се преклопуваат термините на двата важни меча на црвено црните состави .